Instagram доби конкуренција! Станува збор за апликацијата Vero која е се попопуларна на App Store.

Друштвена мрежа без реклами која им дозволува на корисниците да споделуваат фотографии и вметнуваат линкови во нивниот опис, но и да препорачуваат книги, филмови и серии со своите следбеници, станува се попопуларна во светот. Покрај тоа, многу познати личности се пофалија дека започнале да ја користат оваа мрежа.

Апликацијата во 2015-та ја лансираше Ајман Харири, милијардер и син на поранешниот премиер на Либија, Рафик Харири. Во интервју за „CNBC“, Харири рече дека апликацијата ја стартувал поради бројните реклами кои се појавуваат на „Facebook“ и „Twitter“.

По што се разликува Vero?

Vero се обидува да биде „Instagram“, „Facebook“, „Twitter“ и „Spotify“ во едно. Постовите можат да бидат и слика, текст, но и линк, Постовите се сортираат хронолошки, што во моментов е голема предност во однос на „Facebook“, „Instagram“ и „Twitter“.

Не станува збор за бројот на следбеници

На „Verо“ постои разлика помеѓу пријателите и следбениците. Може да се избере кој ќе биде пријател, а кој следбеник. Постојат три опции: блиски пријатели, пријатели и познаници. Чим се прифати барање од друг профил во можност сте веднаш да доделите некоја од овие три титули. Подоцна кога ќе се објавуваат слики, може да се избере која група на луѓе ќе ги гледаат.

Дали Vero е бесплатен?

Моментално е бесплатна, но наскоро ќе започне да се наплатува претплата, а сите оние кои ќе платат ќе бидат ослободени од рекламните содржини. Доколку сте во првите милион корисници, апликацијата засекогаш ќе биде бесплатна, а ако не претплатата ќе изнесува само неколку долари годишно.

Извор:  B92.net