Студиото GSC GameWorld потврди дека S.T.A.L.K.E.R. 2: Heart of Chernobyl е во последните фази на развој.

Како што рекоа, тоа е „национален проект кој треба да го пренесе нескршливиот украински дух на светот“.

Се уште нема информации кога S.T.A.L.K.E.R. 2 ќе излезе, студиото веќе спомна само дека „финалната фаза“ е во тек.

Дополнително, објавено е и промотивно видео кое на играчите треба накратко да погледнат што ги чека.

Во видеото се запознаваме со новиот лик по име Strider, а во исто време дознаваме дека тој е еден од војниците кои биле контролирани од Monolith во првата игра.