Компанијата OnePlus која некогаш беше позната по лансирањето на еден флегшип смартфон годишно, сега се подготвува да влезе во друг сегмент од пазарот на средна класа. Претстојната Lite верзија на Nord 2, наречена Nord CE 2, ќе има сопствена лесна верзија, наречена OnePlus Nord CE 2 Lite 5G. Овој уред ќе има чипсет Snapdragon 695 и екран поголем од кој било друг Nord модел.

Според изворот, предниот панел ќе биде со дијагонала од 6,59 инчи и ќе доаѓа со Full HD+ резолуција. Батеријата ќе има капацитет од 5.000 mAh и ќе поддржува брзо полнење од 33W, додека RAM меморијата би требало да биде 6GB или 8GB, со опции за складирање од 128GB и 256GB.

На задната страна, Nord CE 2 Lite ќе има тројна камера со главен сензор од 64MP и две единици од 2MP. Резолуцијата на селфи камерата ќе изнесува 16MP. Телефонот наводно ќе дебитира во Индија и не е познато дали и кога ќе се појави на другите пазари.