Израелската компанија Camero-Tech создаде уред кој им овозможува на војниците низ ѕидови да гледаат што има внатре во зградите.

Станува збор за уред наречен Xaver 1000, кој користи вештачка интелигенција. Беше претставен на овогодинешниот саем за воена опрема „Евросатури“ во Париз.

Уредот им овозможува на војниците да гледаат работи и предмети внатре во реално време. Во Camero-Tech сметаат дека ова е клучен уред за војската, безбедносните сили, разузнавањето, но и за спасувачките тимови.

Тие посочија дека ги дава сите потребни информации во даденото време. Визуелниот дисплеј е со висока резолуција, па, меѓу другото, може да се види дали некое лице седи, стои или лежи.

Користењето на овој уред бара малку обука, пренесува Business Insider.