Двете компании склучија траен договор за плаќање на надокнада.

Американскиот технолошки гигант Google има таен договор со Spotify кој дозволува шведскиот сервис за стриминг музика да не плаќа за услугите на Google Play Store.

Како што пренесува порталот Tech Crunch, шефот за партнерствата на Google, Дон Харисон, на суд во друг правен случај изјавил дека Spotify не плаќа надокнади на Play Store кога ги обработува сопствените плаќања и плаќа само четири проценти од вредноста на трансакцијата кога Google ги обработува.

Истовремено, тој рече дека двете компании се обврзале да инвестираат по 50 милиони долари во таканаречениот „фонд за успех“.

Google обично наплатува 15 отсто од вредноста на трансакцијата во своите апликации, што може да се намали на 11 отсто во посебни околности.