Google воведе одредени промени во дизајнот на својот сервис Maps, а реакциите на корисниците не се позитивни.

Неодамна Google го редизајнираше сервисот Maps, па беа сменети боите кои означуваа различни елементи на мапата.

Така, новите бои се посветли и попригушени и често е тешко да се разликува патот од теренот. Наместо претходните бели и жолти бои, сега се користи сива боја за патишта.

Корисниците го споделија своето незадоволство од овие промени на социјалните мрежи, а многумина се разочарани или фрустрирани од она што го имплементира Google.

Не е јасно зошто Google одлучи да го промени дизајнот на мапите и дали бурата од негативни коментари ќе ја принуди компанијата да се врати на претходниот дизајн.

Дали ви се допаѓа новиот дизајн за Google Maps, ако го добивте?