Знаеме кога ќе пристигне серијата на телефони Galaxy S24 на Samsung.

Најновите информации сугерираат дека Samsung ќе ја лансира својата линија на телефони Galaxy S24 во текот на јануари 2024 година.

Прес-конференцијата на јужнокорејската компанија ќе се одржи на 17 јануари, додека почетокот на претпродажбата на серијата Galaxy S24 се очекува на 18 јануари.

Оваа временска рамка, исто така, укажува дека новите телефони од високата класа Samsung ќе се најдат на пазарот пред крајот на јануари, бидејќи нивната продажба се очекува од 30 јануари.

Претстојната телефонска линија Samsung Galaxy S24 ќе се состои од три модели: Galaxy S24, Galaxy S24+ и Galaxy S24 Ultra.

Споменатите уреди би требало да имаат бројни подобрувања и надградби во однос на серијата Galaxy S23, а тоа е најочекувано на полето на перформансите, можностите на камерата и другите важни функции.

Информациите за датумот на објавување на новата серија телефони доаѓаат од веб-страницата The Elec, а во извештајот се споменува дека Samsung ќе претстави и други уреди за време на настанот во јануари, како што е паметниот часовник Galaxy Fit 3.