Google одлучи значително да ја подобри безбедноста на својот веб-прелистувач Chrome со автоматска надградба на HTTP барањата на HTTPS за сите корисници.
Функцијата, наречена HTTPS-Upgrades, ќе ги направи побезбедни старите врски што го користат протоколот http://, со тоа што автоматски ќе се обиде да се поврзе со URL преку протоколот https:// кој е шифриран.
HTTPS-Upgrades е автоматска функција во Google Chrome која ја надградува целата навигација до побезбедниот протокол HTTPS. Во исто време, доколку е потребно, функцијата може брзо да се врати на HTTP.
Во минатото, имаше чести ситуации каде што прелистувачите правеа несигурни HTTP барања до сајтовите, иако тие можеби го поддржуваа протоколот HTTPS.
Врските на HTTP протоколите не се безбедни и често се користат за кражба на лозинки и други чувствителни кориснички податоци.