Употребата на беспилотни летала во кои вештачката интелигенција ќе одлучува дали да убива човечки цели е се поблиску до реалноста.
Смртоносните автономни оружја, кои можат да избираат цели со помош на вештачка интелигенција, се развиваат во земји како Кина, САД и Израел, пишува Њујорк Тајмс.
Користење на овие т.н „Роботите убијци“, велат критичарите, би биле „вознемирувачки“ бидејќи на машините кои не се под човечка контрола ќе им биде дозволено да одлучуваат за животот и смртта на оние на бојното поле.
Неколку влади се за донесување на обврзувачка резолуција од страна на ОН за ограничување на употребата на беспилотни летала со вештачка интелигенција, но има и такви (САД, Русија, Израел, Австралија итн.) кои се против. Имено, овие земји се за резолуција која не би била обврзувачка.
„Ова е едно од најважните прашања за човештвото – каква е улогата на луѓето во употребата на сила. Тоа е апсолутно фундаментален безбедносен, правен и етички проблем“, рече главниот преговарач на Австрија за ова прашање.
Според јавно достапните податоци, Пентагон моментално работи на распоредување на роеви беспилотни летала со вештачка интелигенција, а секретарот на американските воздухопловни сили рече дека беспилотните летала со вештачка интелигенција „ќе мора да имаат способност да донесуваат смртоносни одлуки под човечки надзор“.