Sony PlayStation 5 се уште не се појави во продавниците, а веќе на располагање се разни додатоци кои ги произведуваат независните форми. Прва со тоа почна компанијата PlateStation (нема никаква врска со PlayStation брендот), која понуди PS5 куќишта во различни бои.

Тие веруваат дека на многу корисници нема да им одговара белата боја на PS5 конзолата, па побрзаа да понудат алтернативи. Во понудата се неколку бои – сребрена, црвена, сина и црна, со кои идниот PS5 може подобро да се прилагоди на ентериерот во домот. Замената не би требало да биде комплицирана, бидејќи на видео снимките што се достапни во јавност се гледа дека пластичните капаци лесно се симнуваат.

Цената на овој додаток е 40 долари, а капаците ќе бидат достапни во продажба кога ќе се појави и конзолата. За нестрпливите купувачи моментно постои можност за резервации на сајтот за производителот.