Кинескиот гигант Xiaomi за прв пат официјално го откри долгоочекуваниот Redmi K70 Pro, водечкиот модел од серијата K70.

Компанијата им даде увид на фановите како ќе изгледа и какви карактеристики ќе има со серија официјални фотографии.

Најдобрата карактеристика на овој модел е дефинитивно неговиот систем на камера. Главната камера е покриена со стакло тенко од 1,3 mm и има сензор од 50 MP.

Xiaomi тврди дека камерата нуди двоен оптички зум, пренесува Gizchina.

Според претходните извештаи, Redmi K70 Pro треба да има метална рамка, која освен што му дава премиум изглед, придонесува и за цврстината на телефонот.

Што се однесува до системот, основниот Redmi K70 Pro доаѓа со чипсет Snapdragon 8 Gen 3, 12 GB RAM и 256 GB простор. Ќе чини 545 долари. Може да дојде овде како една верзија на моделот Poco (можеби Poco F6 Pro, а можеби и следната година), но сè уште нема официјални потврди за ова.