Голем љубител на GTA игрите реши да престане да пуши цигари, во пресрет на играта GTA 6, бидејќи не сака да биде во болница кога ќе излезе играта.

Grand Theft Auto 6 без сомнение ќе собори рекорди кога ќе излезе, бидејќи е една од најочекуваните игри. И има играчи кои се подготвени да направат се за да играат GTA 6, вклучително и да се откажат од пушењето.

Еден фан на серијата објави на Reddit дека се откажува од пушењето поради претстојната игра Grand Theft Auto 6.

Причината? Овој играч не сака да страда од некоја болест поврзана со цигарите или да пропушти да игра GTA 6 при лансирањето бидејќи е „заглавен“ во болница поради нешто што можело да се спречи.

Rockstar сè уште напорно работи на GTA 6, а неодамна го навести објавувањето на играта. Она што го знаеме е дека моторот од следната генерација на Rockstar, наречен RAGE 9, ќе го напојува Grand Theft Auto 6.