Новиот CoD сè уште не е достапен за масите, но тоа не ги спречува играчите кои имаа ран пристап до видео играта да ја критикуваат. Или така мислат.

Call of Duty: Modern Warfare III е нов и долгоочекуван шутер кој барем засега не ги исполнува очекувањата на играчите. Сè уште постои период кога само на ограничен број луѓе им е дозволен ран пристап, поради што прегледите на популарниот сајт Metacritic се заклучени.

Сепак, играчите на кои не им се допадна CoD:MW III решија (ненамерно) да го извадат својот гнев на видео игра од истиот креатор, и со речиси идентично име: Call of Duty: Modern Warfare 3.

Ниските оценки и лошите критики што деновиве ги добива MW 3 очигледно се упатени на неговиот многу помлад „брат“, но не стигнуваат до вистинската адреса, иако разбираме зошто играчите се збунети кога оставаат рецензии.

Веројатно студиото во иднина ќе избере малку попаметно имиња на видео игри, иако тоа не е толку лошо – тие можат да видат што им пречи на играчите и да го поправат пред CoD: MW III да стане глобално достапен.