На саемот во Женева, Audi ја претстави концептуалната идеја за тоа како ќе изгледаат нивните автомобили на иднината. За да го реализира проектот Pop.Up Next , популарниот производител ги обедини силите со Airbus и Italdesign, а заедничката цел е да се создаде летачки и мултифункционален модел.

Претходно, уште минатата година од Airbus најавија дека имаат намера да презентираат онцептуален модел на летечки автомобил кон крајот на 2018 година и на тој начин го привлекоа интересот за соработка со Audi. Оваа верзија изгледа повеќе стилски од веќе развиениот прототип на Airbus, но има некои од карактеристиките на автомобилите на Audi.

Идејата за овој хибрид е да биде мултифункционален и да може да се користи на различни начини. За да патувате со него по обични патишта, Pop.Up Next ќе има шасија која може да ја придружува капсулата со патници по патиштата. Кога автомобилот треба да се користи како воздушен превоз, тогаш моделот се врзува со беспилотно летало и станува авион. На овој начин, шасијата на тркала останува таму каде што е капсулата.