Режисерот на Ghost of Tsushima, Чад Стахелски, конечно им ја соопшти на фановите веста што ја чекаа откако беше најавен филмот пред речиси три години.

Во интервју за ScreenRant, Стахелски потврди дека сценариото за филмот „Ghost of Tsushima“ е завршено, а продуцентскиот тим е „многу блиску до завршување на својот дел“. Тој додаде дека неодамнешните штрајкови во Холивуд ги забавиле работите, но тоа наскоро ќе се промени.

„Развојот е секогаш тежок. Има студии, штрајкови, работите не се достапни како обично“, објасни Стахелски.

„Мора да имаш желба. Мислам дека двата наслови кои ми се најблиски и кои најмногу ме интересираат се „Highlander“ и „Ghost of Tsushima“, додаде тој.

Стахелски претходно ја искажа својата наклонетост кон играта и зборуваше дека сака да го направи филмот како што треба. Тој исто така рече дека сака да ги донесе „неверојатните визуелни елементи што ги има „Ghost of Tsushima“ на големото платно и дека сака да го задржи стилот на видео играта.