Xiaomi претстави исклучително достапна паметна нараквица, под името Mi Smart Band 4C. Уредот го каракетризира работен век на батеријата од 14 дена, 1.08-инчен екран, следење на работата на срцето и голем број фитнес модови, а сето тоа по ниска цена.

Mi Smart Band 4C има 1.08-инќен TFT екран со 128 x 220p резолуција и 200 нита осветлување. На батеријата од 130mAh и се потребни околу два часа да се наполни до врв, преку USB портот на уредот.

Паметната алка има поддршка за следење на пет различни спортски модови – трчање на отворено, вежбање, возење на велосипед, подвижна лента и брзо одење. Исто така, може да го следи спиењето, да бои чекори и да дава известувања доколку корисникот бил предолго неактивен.

Преку уредот е можно да се добиваат известувања, дојдовни повици од телефонот, како и контролирање на музиката. Нараквицата е тешка само 13 грама и има 5ATM водоотпорност.

Xiaomi Mi Smart Band 4C најпрвин е достапен на пазарот на Малезија, каде се нуди по цена од околу 20 евра, а се очекува дека наскоро ќе биде во продажба и на другите пазари.