Компанијата Мета неодамна објави нов план за претплата, кој ќе им биде понуден на корисниците во Европа за социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.
Корисниците во Европската Унија и Швајцарија, доколку сакаат, за веб-верзиите на споменатите платформи ќе можат да платат 9,99 евра, додека за корисниците на Android и iOS претплатата ќе изнесува 12,99 евра.
Претплатата на Facebook и Instagram, како главна придобивка, овозможува користење на популарни платформи без прикажување огласи и реклами. Токму на ова најмногу смета Мета за да ги привлече корисниците да платат претплата.
Претплатата е наменета да одговори на загриженоста на Европската унија во врска со практиките за таргетирање на реклами и собирање податоци на Мета.
Дали ќе платите претплата за Фејсбук и Инстаграм?