Забраната за таргетирани реклами за Фејсбук и Инстаграм е повторно продолжена, само неколку месеци откако во јули стапи на сила привремената забрана на Норвешката управа за заштита на податоците (ДПА).
Сега ирската Комисија за заштита на податоци (DPC) ќе ја забрани обработката на личните податоци за насочени реклами, а ефектите ќе се почувствуваат низ Европската економска област (ЕЕА), вклучувајќи ги земјите од ЕУ и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.
„Обврзувачката одлука“ ја донесе Европскиот одбор за заштита на податоци (EDPB), кој му нареди на ирскиот DPC да ја спроведе забраната во рок од две недели.
На социјалните мрежи на Мета им е забрането да користат насочени реклами, односно лични податоци, со цел да поставуваат реклами на Facebook и Instagram.
Оваа вест доаѓа откако Судот на правдата на Европската унија утврди дека пристапот на Мета не е во согласност со регулативите на ЕУ. Претходно во мај, Мета беше казнет со 1,2 милијарди евра и пропиша голем број чекори што мора да ги преземат.
Компанијата има и различни типови на претплати без реклами, а нивната цена е 9,99 евра и 12,99 евра месечно. Тие објавија дека овие верзии ќе бидат достапни низ цела ЕЕА, што сугерира дека компанијата веќе е подготвена да се справи со темата за обработка на лични податоци и растечката загриженост за приватноста низ целиот континент.