Популарната игра Half-Life го слави својот 25-ти роденден, а за оваа пригода е подготвена интересна содржина – бесплатни игри, надградби и документарен филм за развојот на играта.

Valve и Гејб Њувел подготвија посебна страница посветена на една од најголемите и највлијателните игри за обожавателите и оние кои штотуку планираат да скокнат во универзумот Half-Life.

Half-Life сега е потполно бесплатен на платформата Steam, а оригиналната игра доби надградби како графички подобрувања и поддршка за модерни резолуции. Има и четири нови мултиплеер мапи.

Поддршката за контролери и Steam Deck ќе им биде достапна на гејмерите, додека полесно мултиплејер поврзување ќе биде овозможено преку Steam Networking.

Half-Life доби и специјална кампања, наречена Half-Life: Uplink, а е наменета за вистинските фанови на играта бидејќи претходно служеше како демо верзија на играта, која во тоа време беше главниот начин преку кој играчите доаѓаа во контакт со Half-Life.

Конечно, за оние тврдокорни фанови кои треба да впијат сè што можат за Half-Life, објавен е документарен филм кој не води низ процесот на создавање на иконската игра.

До 20-ти ноември, можете да ја преземете вашата бесплатна копија на Half-Life, додека другите наслови од серијата се со големи попусти.