Во обраќање на Џеф Безос кон акционерите на компанијата Amazon, главниот извршен директор напиша дека сервисот Amazon Prime има дури 100 милиони претплатници ширум светот. Ваквиот тип на информација за првпат е објавена јавно. Сервисот постои уште од 2005-та година, а на своите претплатници им овозможува разни придобивки како бесплатна достава во рок од два дена за предметите кои ќе бидат нарачани преку сајтот на Amazon, стриминг на видео и музичка содржина итн.

Засега поголем број на претплатници има Netix (125 милиони), но тој е и подостапен низ светот. Зад Amazon Prime заостануваат сервисите како Hulu (13 милиони), PlayStation Plus (31.5 милиони), Apple Music (40 милиони), Spotify (71 милион). Во САД, годишната претплата за Amazon Prime изнесува 99 долари.