Алатката Productions е направена да ја олесни работата на неколку луѓе на ист проект, а дизајнирана е првенствено со луѓе од светот на филмот.

Новиот Productions панел нуди искуство во работата како што е работа на Google Drive, пред се за креативците да можат да ги делат деталите од проектот меѓу себе. Повеќе монтажери со овој додаток можат да работат на ист проект со помош на локално или заедничко складирање, а сите ќе бидат прикажани внатре во делот за фајлови во Premier. За тоа да функционира, не ви треба ниту интернет врска.

Adobe наметна нова алатка за креативците и професионалците кои работат на големи и сложени проекти, како што се играни филмови и ТВ серии.

Иако Adobe веќе има слична алатка која се вика Team Projects, која пак овозможува работа на еден заеднички проект за луѓе од различни професии – монтажери, графички дизајнери, аниматори. Исто така, за него е потребна интернет врска. Новиот додаток ќе биде додаден на претстојните Productions, кои ќе бидат достапни од следното ажурирање на Creative Cloud.

Извор: PC Press.rs