Има безброј приказни за пронаоѓање на украдени автомобили поради уредите AirTag, како и за спасување на многу домашни миленици. Но, оваков случај не се среќава често.

Се започна, кажа Соња Рис за Фокс 5, кога Ентони Рис (нејзиниот син) влегол во продавницата, оставајќи го автомобилот паркиран со кучето Диор во него, но кога се вратил на паркингот, автомобилот го немало. Ентони потоа повикал полиција, но се сетил дека има уреди Air Tag и во автомобилот и на кучето.

„Додека разговарав со полицијата, видов дека сигналот на Air Tag се движи кон западната страна на Атланта“, рече тој.

Соња видела дека се на ист пат со крадците и после тоа ја известиле полицијата барајќи од нив да ја преземат работата во свои раце, а на тоа наводно се согласиле органите на прогонот.

Сигналот Air Tag ги одвел до стан, но сепак решиле да чекаат надвор додека не дојде полицијата. Меѓутоа, додека да дојде полицијата, уредите AirTag веќе биле исклучени. Тие сметаат дека органите на редот ги исплашиле осомничените, а од полицијата велат дека случајот се уште се истражува. Автомобилот е вратен на семејството, но не и кучето.

Полицијата во Атланта не го коментираше тврдењето дека полицаецот рекол дека семејството само може да тргне по крадците, особено затоа што службениците за спроведување на законот ги повикуваат луѓето да не се соочуваат со криминалци.