Xiaomi ја навести својата трета генерација на технологија на камера под екранот, која на смартфоните ќе им овозможи вистински full-screen дисплеј. Xiaomi прв пат објави тизер за технологијата во јуни минатата година. Оттогаш компанијата работи на подобрување на технологијата и Xiaomi сега истакнува дека е подготвен во текот на 2021. година да почне со масовно производство на телефон со камера под дисплејот.

За третата генерација на технологијата, Xiaomi вели дека има значајно подобрен ефект на целиот екран преку прилагодениот распоред на пикселите и оптимизирањето на алгоритамот на камерите, за да се добијат исти перформанси како кај стандардните предни камери на телефоните.

Xiaomi истакнува дека успеал со новата технологија да обезбедни светлото да поминува низ отворите во суб-пикселите. Компанијата, исто така, споменува дека во споредба со останатите решенија на пазарот, новото решение има двојно поголем број хоризонтаклни и вертикални пиксели, со што се постигнува иста густина на пикселите на дисплејот над областите кај што е камерата, како и во делот подолу.

Xiaomi разви и специјален дизајн на струјните кола, кој овозможува криење на поголем број компоненти под RGB sub-пикселите, со што се зголемува преносот на светло на камерата под екранот. Овие подобрувања доведоа до тоа камерата под екранот да има ист квалитет на сликата како и стандардната предна камера.

Првите Xiaomi телефони, кои ќе ја имплементираат новата технологија на камера под екранот, се очекуваат во текот на 2021. година.