Новата S-класа ќе има фронтална воздушна перница дизајнирана да ги заштити оние што седат на задните седишта

Mercedes S-класа отсекогаш бил модел синоним за удобност и луксуз, но и пионерски модел кога станува збор за безбедноста. Многу системи за заштита на патниците за првпат се појавиле во возилата од С-класата, вклучувајќи го и првото воздушно перниче за возачот во 1981 година.

Mercedes ја продолжува оваа традиција со новата Ѕ-класа, која своето деби ќе го има во септември. Како што го најавуваат од Штутгарт, новиот модел ќе биде „првиот светски сериски автомобил со фронтална воздушна перница за патниците од задните седишта“.

Од компанијата велат дека оваа воздушна перница треба да ги заштити патниците во случај на челен судир, вградена во секој од потпирачите за грб на предните седишта.

Дизајнирана е така што, кога ќе се активира, има профил во форма на буквата „U“, со цел што подобро да го покрие и заштити човечкото тело од повреди. Германскиот производител наведува дека овој појас ќе биде прилагоден и за детските седишта.

Повеќе детали ќе бидат познати на 2 септември, кога ќе се одржи светската премиера на новата Mercedes S-класа.

Извор: Додај Гас