Јужнокорејската компанија Samsung планира да ја опреми својата следна серија на телефони од високата класа, Galaxy S24, со подобрувања и функции за вештачка интелигенција.
Според непотврдени гласини, Galaxy S24, Galaxy S24+ и Galaxy S24 Ultra на Samsung ќе бидат „најпаметните телефони со вештачка интелигенција досега“, далеку пред она што Google моментално го нуди со моделите Pixel 8 и Pixel 8 Pro.
Серијата Galaxy S24, наводно, ќе има карактеристики кои се многу слични на она што го нудат ChatGPT и Google Bard, како што е можноста за создавање содржина и приказни врз основа на само неколку зборови што ги нуди корисникот.
Самсунг дизајнираше и некои дополнителни функции за вештачка интелигенција, како што е генеративна вештачка интелигенција од текст-во-слика, а ќе се имплементира и говор во текст, кој е зајакнат со вештачка интелигенција.
Изворот на оваа информација тврди дека Bixby ќе може да води „попаметни и почовечки разговори“ со корисникот.
Сериите телефони Samsung Galaxy S24 во моментов се очекува да бидат претставени во текот на јануари 2024 година.