Компанијата Fitbit која се занимава со производство на фитнес тракери и нараквици го претстави својот прв “паметен” часовник Ionic, пишува весникот hitech.newsru.com.

Според специјализираниот сајт Ferra, часовникот има 1,42-инчен екран на допир со 348 на 250 пиксели. Волуменот на меморијата на уредот е 2,5 гигабајти и во неа можат да влезат на пример 300 песни. Часовникот е водоотпорен и издржува потопување до 50 метри длабочина.

Часовникот Ionic е со вградено мерење на пулсот, има Wi-Fi и Bluetooth конекција, и модул NFC, во кој може да се вршат плаќања.

Уредот се одликува со зголемена издржливост на батеријата. Компанијата ветува до 4 дена во вообичаен режим и до 10 часа при користење на GPS Трекинг. Оперативниот систем е на компанијата, но е компатибилна со паметните телефони базирани на Android или iOS. Почетокот на продажбата на Fitbit Ionic е предвиден за октомври.

Цената на уредот ќе биде околу 300 американски долари. Fitbit купи на крајот на минатата година производителот на паметни часовници Pebble кој стана познат по неколку успешни краудфандинг кампањи на Kickstarter. Според некои податоци, цената на стекнување била не помалку од 40 милиони долари.