Microsoft може да претстави свој чипсет со вештачка интелигенција на конференцијата Ignite во ноември.

Откако дознавме дека компанијата OpenAI, која го создаде популарниот ChatGPT, го подготвува својот процесор за вештачка интелигенција, сега ги имаме истите информации и за Microsoft.

На 15 или 16 ноември, Microsoft ќе ја одржи конференцијата ignite, за време на која ќе посвети значително внимание на вештачката интелигенција и AI иновациите.

Со оглед на тоа што Microsoft го продолжи своето партнерство со гореспоменатата компанија OpenAI, тој продолжува со своите инвестиции во технологии за вештачка интелигенција и за време на Ignite 2023 година би можел да претстави чип фокусиран на вештачката интелигенција.

Microsoft се одлучи на овој потег главно поради неможноста на компанијата Nvidia да одговори на големата побарувачка за графички процесори, поради што има недостиг на пазарот.

Создавањето сопствени чипови за вештачка интелигенција ќе му овозможи на Microsoft да оствари поголем напредок и профит во сегментот на технологии за вештачка интелигенција, а во исто време ќе може да се натпреварува со ривалите како Amazon и Google кои веќе имаат свои AI чипови.