Џефри Хинтон, познат како „кум на вештачката интелигенција“, зборуваше за ризиците кои се закануваат од непредвидениот развој на оваа технологија.

Хинтон ја доби престижната награда Туринг за напредок во вештачката интелигенција и за емисијата „60 минути“ изјави дека верува дека вештачката интелигенција еден ден би можела да има моќ да ги надмудри и манипулира луѓето.

„Мислам дека одиме кон времиња каде што, за прв пат, може да видиме нешто што е поинтелигентно од нас“, истакна Хинтон.

Сè што сега недостасува на вештачката интелигенција, додаде тој, е свеста дека може да манипулира со луѓето.

„Тие ќе можат да манипулираат со луѓето, ќе бидат многу добри во нешто да ги убедат, бидејќи ќе црпат знаење од сите книги што некогаш биле напишани“, изјави тој.

Хинтон го спореди начинот на кој работи вештачката интелигенција со невронската мрежа на човечкиот мозок. Системите за вештачка интелигенција веќе се подобри во учењето од луѓето, и покрај тоа што најголемите чет-ботови имаат трилиони нишки во нивната мрежа во споредба со 100 трилиони во човечкиот мозок, тврди Хинтон.