Иако неодамна излезе новиот оперативен систем iOS 17, Apple не ги игнорираше оние кои се уште не го преземале, или не можат да го сторат тоа.

Сопствениците на постари уреди како што се iPhone 8, iPhone X и сите други објавени по нив може да ја преземат iOS верзијата 16.7.1. Ако вашиот уред сè уште работи со iOS 16, важно е да ја преземете најновата достапна верзија што е можно поскоро, велат од Apple.

Apple изјави дека има грешка во оперативниот систем познат како „ранливост на нулта ден“, што значи дека хакерите се запознаени со него и го користат, објави Mirror.

„Напаѓачите би можеле да добијат одредени привилегии. Apple е свесен за извештај во кој е можно оваа грешка да се користела до објавувањето на оперативниот систем iOS 16.6“, велат од компанијата.

Покрај сопствениците на постари iPhone уреди, iOS 16.7.1 може да го преземат и оние кои имаат iPad Pro, третата и сите подоцнежни генерации iPad Air, петтата и сите подоцнежни генерации на iPad уреди и петтата и сите подоцнежни генерации iPad Mini.

За потсетување, можете да го ажурирате оперативниот систем што работи на вашиот уред со одење во „Settings“, потоа изберете „General Settings“ и потоа „Software Update“.