Мета, компанијата која стои зад популарните социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм, размислува да воведе месечна претплата за корисниците во Европската унија кои не се согласуваат со прикажување на персонализирани реклами. До што ќе доведе тоа?

Доаѓа ли крајот на бесплатните Фејсбук и Инстаграм? Мета, компанијата зад овие социјални мрежи, објави дека корисниците од Европската унија можеби ќе треба да плаќаат 14 евра месечно за користење на овие мрежи поради прописите за приватност.

Како тоа ќе влијае на корисниците, со оглед на тоа што е глобална социјална мрежа? На оваа тема зборуваше Александар Симиќ, ИТ експерт и инфлуенсер во емисијата Јутро на српската ТВ Прва.

„Веднаш би сакал, како да кажам, да ги смирам страстите. Инстаграм и Фејсбук никогаш нема да се наплаќаат. Барем според мене, како што го имаме денес Нетфликс, каде што не можете да гледате серија или било која емисија без претходно да платите. Значи, Фејсбук и Инстаграм, она за што размислуваат е всушност да воведат претплата без реклами. Значи, некој што би плаќал за тоа на месечна основа, не би спонзорирал објави. Како што е случајот на YouTube, од прилика“, вели Симиќ.

Знаеме дури и кога гледаме видео клипови, дека тие реклами секогаш ни се здодевни и сите понекогаш малку се нервираме, дали ова значи дека сега бројот на тие реклами ќе се зголеми на Инстаграм и Фејсбук? Дали некако ќе не принудат да ја платиме таа претплата?

„Нема, бидејќи сè уште размислуваат за тоа во Европската унија, така што сè уште нема да стигне овде, можеби некаде следната година, а на крајот на следната година. Така што мислам дека нема да има проблеми, особено кога се во прашање Инстаграм и Фејсбук, со нив избираме дали воопшто ќе ја гледаме таа реклама, па буквално со еден прст само да одлучиме – не, не сакам да ја гледам рекламата“, изјави Александар Симиќ за ТВ Прва.