Порталот TorrentFreak годинава направи и традиционален годишен преглед на сериите кои во последните 12 месеци најчесто се симнувале нелегално, преку торенти.

Оние кои ги следат настаните од пиратската сцена ќе се сетат дека Game of Thrones доминираше неколку години по ред, но сега се чини дека има достоен наследник.

Минатата година најпопуларна серија беше хитот на HBO House of the Dragon, а овој пат тоа е The Last of Us, адаптација на популарната видео игра која исто така се „готвеше“ во студиото на HBO.

Годинава беше оштетен и Disney, па сериите на Disney+ – The Mandalorian, Loki, Ahsoka и Secret Invasion го заземаат од второто до четвртото место.

Во првите десет на листата нема наслови на Netflix, исто како и минатата година, па ви оставаме сами да заклучите зошто е тоа така.

Авторите на оваа табела велат дека податоците се собрани само од торент сајтови, што значи дека се исклучени нелегалните услуги за стриминг.