Компанијата LG е позната по своите сигурни OLED панели, а сега нивниот процесор за слика е подготвен за голема надградба.

За секој тип на телевизор, панелот е секако клучен, но процесорот што го напојува е исто толку важен кога станува збор за најдобрите OLED телевизори.

Тоа е, во многу случаи, она што го разликува еден врвен ТВ уред од друг, а се чини дека така мисли и компанијата LG, бидејќи се подготвува да го претстави својот најдобар процесор до сега. Тој е наследник на Alpha 9 процесорот и најверојатно ќе се вика Alpha 10, но ќе биде значително помоќен од својот претходник.

Како што е соопштено од FlatPanelsHD, новиот процесор ќе има единица за невронска обработка (NPU) која „значително ќе ги подобри перформансите на уредот“ во споредба со постоечките чипови базирани на вештачка интелигенција.

На „лаички“ јазик, ова значи вид на обработка на слики што сме навикнати да ги гледаме кај најдобрите телефони.

Извештаите велат дека новиот процесор ќе донесе значителни подобрувања во неговата способност да анализира слики, да го намалува шумот, да препознава и да им дава приоритет на објектите и да применува паметни аудио подобрувања. Затоа, следната година треба да има звучни, но и видливи подобрувања во целата палета на LG телевизори.

Еден од најинтересните делови од извештајот е сугестијата дека Alpha 10 ќе овозможи и нови услуги базирани на движење, каде што телевизорот би знаел каде сте и соодветно ќе реагира, пренесува Tech Radar.

Нема да навлегуваме во детали, но потенцијалот за употреба во видео игри, контрола на движење, позиционирање на аудио базирано на објекти и можеби дури и видео повици е јасен.