Reddit неодамна објави дека на најактивните корисници ќе им плаќа виртуелно злато, кое ќе можат да го претворат во вистински пари.

Новата „Contributor Program“ на платформата им овозможува на корисниците кои исполнуваат одредени услови да добијат вистински пари за содржината што ја објавуваат. Исто така, платформата го менува начинот на кој објавите или коментарите се наградуваат со елиминирање на монетите на Reddit во корист на златото.

Оваа програма моментално е достапна за полнолетните лоцирани во САД, под услов да имаат налог со „добра репутација“ и да ги исполнуваат минималните барања за износот на карма поени, пренесува Engadget.

Reddit ќе додели таков статус на „стандарден соработник“ и ќе им плати 90 центи за доделено злато, а најдобрите ќе добијат по еден долар по злато доколку ги исполнат сите потребни услови. Оние кои паѓаат под нормата нема да имаат право на плаќање додека не постигнат однапред одредени цели.

Иако оваа програма сè уште не е во употреба во САД, можете периодично да проверувате дали е овозможена за вас така што ќе имате опција за придружување во вашата сметка на Reddit под насловот „Потврди за да започнеш да заработуваш“.