Дојавувачот @OnLeaks објави фотографии од Sony Xperia 1 III, кои покажуваат дека претстојниот модел претежно ќе изгледа како Марк II моделот.

Најинтересната промена е на задната страна, а се работи за перископ сензор кој е додаден во системот на камерите. И натаму се работи за систем со три камери, што ќе има ZEISS брендирање, а ќе има и 3D ToF сензор.

Кога станува збор за остатокот од телефонот, Sony го задржува класичниот дизајн. OLED дисплејот од 6,5-инчи ќе биде рамен и ќе има 21:9 однос на страници и 4K резолуција. Гласините сугерираат дека осветлувањето ќе се подобрено за 15 проценти.

Во горната и долната рамка ќе бидат сместени предните стерео звучници, а Xperia 1 III ќе има 3.5 мм приклучок, microSD слот и сензор за отпечатоци од страна на рамката.

Кога станува збор за рамките околу екранот, се чини дека Sony пронајде начин значително да ги намали. Xperia 1 III ќе има димензии од 161,6 x 67,3 x 8,4 mm (9,6 mm со испакнувањето за камери).