Играњето Starfield до доцна во ноќта наводно му го спасило животот на еден играч откако избувнал пожар во неговата зграда.

На Reddit се појави необична приказна во која еден играч тврди дека играњето Starfield го спасило неговиот и животот на неговото семејство.

Имено, гејмерот вели дека на 1 септември останал буден до доцна во ноќта за да го чека излегувањето на играта (Starfield беше лансиран во два по полноќ по наше време). По некое време поминато во игра, играчот слушнал експлозија од соседниот стан во неговата зграда. Ја прекинал играта и отишол да провери што се случило и видел дека пламенот зафатил дел од скалите, а чадот влегува во неговиот стан.

За среќа играчот брзо реагирал, ја разбудил сопругата и со полесни изгореници го напуштил станот.

„Да не бев буден и да играм Starfield, ќе спиев и ќе умрев од вдишување чад. Сакам да се заблагодарам на оваа игра што ме спаси мене и моето семејство од ужасна судбина“, напиша играчот.