Повеќето производители на паметни телефони со Android ги лансираа своите водечки телефони оваа година. Еден од оние кои се уште не го направиле тоа е јапонскиот Sony. Сепак, тоа ќе се случи наскоро откако компанијата објави кога ќе го претстави својот нов предводник.

Јапонскиот технолошки гигант објави дека Sony Xperia 5 V ќе биде претставен во петок, 1 септември 2023 година, во 16:00 часот по јапонско време. Самиот настан за презентација ќе се емитува преку официјалниот канал на компанијата на YouTube.

Sony објави и краток тизер, во кој камерите на телефонот се пофалени во услови на дневно и ноќно фотографирање. Освен тоа, Sony не објави никакви конкретни детали за овој уред.

Сепак, набргу по објавата на Sony, телефонот се појави на Geekbench, каде беа откриени некои од неговите спецификации.

Sony Xperia 5 V, со број на модел XQ-DE54, се појави на Geekbench. Таму беше откриено дека овој уред ќе се напојува со процесор Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2, кој ќе биде поврзан со 8GB RAM. Секако, се очекува телефонот да нуди опции со поголема RAM меморија, поточно се очекува Sony да понуди 16 GB RAM во најмоќната верзија на овој телефон. Geekbench исто така откри дека Sony Xperia 5 V ќе се испорачува со Android 13.

Овој паметен телефон освои 2004 поени во тестот со едно јадро и 5059 поени во тестот со повеќе јадра.

Покрај Geekbench, телефонот претходно беше сертифициран и од кинескиот 3C. Тогаш беше откриено дека Sony Xperia 5 V ќе пристигне со поддршка за брзо полнење од 33 W.