Националната воздухопловна и вселенска агенција (NASA), предупредува дека низ вселената лета астероид со големи димензии, таканаречен “2016 NF23”, кој се смета за потенцијално опасен.

Проценето е дека овој астероид е со големина од 160 метри и се движи со брзина од преку 32.000 km/h.

Според пишувањето на лондонскиот “Mirror”, станува збор за астероид значајно поголем од тој кој ја погоди Чељабинската област во Русија, во 2013-та година, кога 1500 луѓе имаа потреба од лекарска помош.

Затоа, велат дека добрата вест е тоа што овој астероид нема да удри на Земјата.

Овој огромен астероид, покрај Земјата ќе помине на оддалеченост од околу 4,5 милиони километри, а NASAго смета за потенцијално опасен, бидејќи во случај на судир со Земјата, ударот би бил толку силен што целосно би уништил еден повеќемилионски град.

Извор: B92.net