Основачот и директор на компанијата SpaceX, Елон Маск ги покажа Starlink сателитите за интернет, кои споменатата компанија ќе ги лансира во орбитата.

Маск објави фотографија на која се гледаат 60 сателити „спакувани” за лансирање со помош на ракетата Falcon 9. SpaceX засега планира да ги лансира сателитите на 15. мај, иако беше споменуван и 14. мај, но сето тоа може да се промени. Предупреди дека многу работи можат да тргнат на лошо.

Целта на компанијата SpaceX е во ниската орбита на Земјата да достават околу 11.000 Starlink сателити до средината на 2020. година, со што ќе овозможат пристап со брз интернет на деловите од планатата на кој ретко е достапен или неконстантен. Првото лансирање е само мал дел од долгиот процес.