Секој агол од трагично изгорената катедрала Нотр Дам пред неколку години беше ласерски скениран и претворен во 3D мапа

Светот синоќа остана во шок, гледајќи како оганот го голта непроцеливото парче на светската архитектура – катедралата Нотр Дам во центарот на Париз. Изградбата на ова ремек дело на готска архитектура почна во 1160-те години и траеше речиси два века, за по повеќе од 670 години, поголем дел од покривната структура и внатрешноста – всушност се што не е направено од камен – да исчезме во пламен во период од само неколку часа.

Катедралата се уште гореше кога многумина почнаа да зборуваат за нејзината обнова. Истата ќе биде напорна, долготрајна  неминовно скапа, во од помош би можела да биде и дигиталната технологија. Препознатливиот симбол на Париз, имено, пред неколку години во целост во тродимензионала технологија го овековечи историчарот Andrew Tallon. Снимањето на Нотр Дам со ласер одвнатре и однадвор , со сите нејзини убавини и архитектонски тајни траеше повеќе години и изроди над милијарда поединечни податоци за димензиите, облиците и структурата на оваа градба.

Целиот процес на 3D дигитализација го забележа и National Geographic u овој текст и документарец објавен во 2015. година. Талоновите нацрти биле основа и за реновирање на катедралата, кое всушност беше во тек кога пожарот го проголта целиот покрив и средишната кула.

Ласерското скенирање вклучуваше и мерење на секој агол на градбата и создавање на нејзина 3D слика. Истовремено со ласерското снимање извршено е и панорамско фотографирање во 360 степени од секоја точка на снимање, па така на тродимензионелниот растер во секоја точка можно е да се аплицираат и бои – и да се добие реална слика, не само за димензиите, туку и за досегашниот изглед на се што беше уништено.

Andrew Tallon почина минатата година, а неговиот ментор Роберт Марк, кој го воведе во дигиталната форензика на архитектурата, во јануари оваа година. Но, 3D мапите и натаму постојат, па изгледно е дека ќе бидат искористени за она што нивните творци не можеа ни да го замислат во најлошите кошмари – целосна обнова на уништената црква.