Претходно објавивме дека Xiaomi го најави својот безжичен полнач, кој уредите ги полни на далечина, а го носи името Mi Air Charge. Сега свој вид на оваа технологија најавува и Motorola.

Технологијата на Motorola може да ги полни уредите на растојание од еден метар, под услов ништо да не стои помеѓу полначот и уредот.

Според она што може да се види во официјалното видео, двата Motorola Edge телефони (кои веројатно беа модифицирани за овој тест) се поставени во вертикална положба 80 см и 100 см оддалечени од полначот. Батериите на телефоните веднаш почнуваат да се полнат, но откако лицето ќе стави рака на полначот, процесот запира.

Полначот го носи името Motorola One Hyper, а иако технологијата се базира на Qi стандардот, компанијата истакнува дека е всушност подобра. Можно е истовремено да се полнат до седум телефони, но Motorola не ја објави стапката на полнење.

Xiaomi подготвува далечински безжичен полнач (ВИДЕО)