Според опсежното тестирање на јутјуберот Mrkeybrd, Galaxy Z Flip5 може да издржи над 400.000 преклопувања пред шарката да испадне.
Samsung во своите промотивни материјали тврди дека Galaxy Z Flip5 може да издржи 200.000 преклопувања. Но, се чини дека тие бројки се поставени малку поскромно, како што докажа јутјуберот Mrkeybrd во своето тестирање.
Имено, јутјуберот по неколкудневно тестирање покажа дека Galaxy Z Flip5 може да преживее дури 401.146 пати пред да дојде време да стане електронски отпад.
Тестирањето беше далеку од научно, но верно ги прикажуваше вистинските услови на употреба. На пример, Mrkeybrd секој пат го отвораше и затвораше телефонот со различна сила и брзина и во различни услови, додека тоа не беше случај при тестирањето со роботите на Samsung.
Сепак, не беше сè совршено до крајот на тестирањето. Шарката на телефонот Galaxy Z Flip5 ослабе некаде на средината, па веќе не можеше да го држи телефонот до половина отворен. И покрај ова, телефонот сепак може да се користи нормално и да се превиткува барем уште толку пати.
Јутјуберот направи сличен тест на телефонот Motorola Razr 40 Ultra, кој почна да паѓа на 44.000 отворање/затворање, а целосно „издишуваше“ при 126.266 преклопување. Тоа не би можело да биде толку изненадувачки доколку Motorola не тврди дека шарката на нивниот телефон на преклоп може да издржи 400.000 преклопувања.