Издавачката куќа Take-Two Interactive продолжува да прогнозира голем скок на приходите во фискалната 2025 година, која ќе трае до пролетта 2025 година.

Пред четири месеци дознавме за потенцијалниот датум на издавање на GTA 6. Издавачот Take-Two Interactive објави дека очекува голем скок во приходите во својата фискална 2025 година, која ќе трае од 1 април 2024 до 1 април 2025 година.

Нема многу игри кои би можеле да генерираат толку голем скок во приходите како GTA, така што лесно е да се претпостави дека GTA 6 треба да пристигне некаде во втората половина на 2024 или првиот квартал на 2025 година.

Сега Take-Two уште еднаш ја повтори таа прогноза, што значи дека планот во меѓувреме не е променет. Тие сè уште очекуваат рекорден приход од 8 милијарди долари во фискалната 2025 година, што е за 2,5 милијарди долари повеќе од претходната фискална година.

Секако, сето тоа е така на хартија, ако нема одложување на објавувањето за GTA 6. А добро е познато дека секоја игра на Rockstar мора да се одложи барем еднаш, ако не и неколку пати, по непишано правило.

Во случај да дојде до доцнење, тоа нема да биде проблем за Take-Two бидејќи старата GTA 5 се уште се продава како да не излезе пред десет години. Помеѓу април и јули оваа година GTA 5 беше купена од уште пет милиони играчи.

Вкупната продажба на играта GTA 5 сега изнесува 185 милиони копии, додека целата серија продаде 405 милиони игри.