8BitDo претстави нов аркаден стик, кој всушност многу занесно потсетува на мешавина на NES контролер и Street Fighter V кабинет. Овој периферен уред ќе пристигне со поддршка за PC и Nintendo Switch, а на играчите ќе им бидат понудени голем број опции и можности за прилагодување во склад со потребите на самите гејмери.

Овој нов стик доаѓа со поддршка за Nintendo Switch и PC, но ќе го поддржи и Ultimate Software 8BitDo, како и универзална монтажна плоча, каде што самите ќе можете да ги замените контролерот и копчињата на другите производители. Можете да го промените мапирањето на копчињата, да ги сочувате прилагодените профили, да извршите микронаредби со помош на опциите P1 и P2 во горниот десен агол и многу други работи.

Тука флексибилноста на овој уред не завршува. Стикот можете да го поврзете преку bluetooth, USB-C кабел или безжичниот 2.4 GHz приемник, кој е поставен на долната страна на стикот. Има батерија што се полни од 1000 mAh, така што со него можете да одите било каде. 8BitDo има солидна репутација кога е во прашање квалитетот на изработка на контролерот, посебно оние кои се инспирирани со класичните системи како што е Sega Genesis. Ако ве интересира купување на ваков уред, битно е да се има на ум дека е во претпродажба и тоа по цена од 89,99 долари. Првите нарачки би требало да стигнат до 20. октомври.