Компанијата Meta, во чија сопственост е Facebook, се спогоди да плати 90 милиони долари за да стави крај на тужбата според која апликацијата ги следела своите корисници на интернет дури и откако се одјавиле од Facebook.

Според обвинението, лајкот од Facebook поставен на друга веб страница можел да ја следи активноста на корисникот надвор од оваа социјална мрежа, пишува Daily Mail.

Тоа е направено со користење на Cookies кои следеле работи како што се веб-страници кои луѓето ги посетуваат, интеракции со тие веб-страници и статии и артикли кои ги прегледувале или ги купувале.

Спогодбата претставува една од најголемите исплати во историјата на компанијата.

Адвокатите изјавија дека оваа спогодба е една од десетте најголеми во САД, поврзана со приватност на податоците.