Nintendo Switch е на пазарот повеќе од половина деценија, па полека дојде време за нова конзола од јапонската компанија.

Компанијата Nintendo ја лансираше својата Switch конзола на пазарот во март 2017 година. Во меѓувреме, конзолата беше освежена со OLED екран во текот на 2021 година, но играчите веќе нетрпеливо очекуваат нешто ново од Nintendo.

Според порталот VGC, се очекува Nintendo да претстави нова конзола во втората половина на 2024 година, која треба да биде наследник на Switch.

Според информациите на овој портал, новата конзола на Nintendo ќе продолжи да биде рачна и пренослива, а ќе има и слот за физички игри.

Од друга страна, конзолата треба да користи LCD наместо OLED екран, а причината за тоа е заштеда на производството. Нинтендо не ги коментираше овие медиумски извештаи