Canalys го објави својот најнов извештај за испораките на паметни телефони во Кина во вториот квартал.
Како што беше предвидено, статистиката укажува на подобрување на состојбата, со благ пад на испораките за 5% на годишно ниво, со што вкупниот број изнесува 64,3 милиони испорачани уреди во периодот април-јуни.
Во текот на овој квартал, компаниите Apple и Vivo ги сменија позициите во однос на првиот квартал, па Vivo ја зазеде лидерската позиција, додека Apple падна на третото место.
Apple е единствената компанија во првите пет што забележа годишен раст на испораките овој квартал
Лансирањето на Vivo X Flip со дизајн на преклопување и Vivo X Fold 2 во стил на книга на почетокот на кварталот беше од корист на Vivo. Во текот на овие три месеци на пазарот во Кина беа испорачани 11,4 милиони примероци од споменатите модели, што го изедначи Vivo дури и со брендот Oppo. И двата бренда, кои припаѓаат на групацијата BBK Electronics, заедно зазедоа 18% од пазарниот удел во овој квартал. Vivo забележа пад од 14% во испораките во текот на вториот квартал, додека испораките на Oppo беа намалени за само 4% на годишно ниво во споредба со претходната година.
Во вториот квартал, Apple падна од првото место на третото, иако испораките на неговите паметни телефони се зголемија за 5% до 10,4 милиони уреди. Со удел од 16% од пазарот на паметни телефони во Кина, Apple е сè уште блиску до Vivo и Oppo. Интересно е што Apple е единствената компанија во првите пет што остварила годишен раст на испораките овој квартал.
Следен на ред е Honor, поранешна подружница на Huawei, која забележа најголем годишен пад на испораките од 21%. Honor испорача 10,3 милиони паметни телефони, речиси исто со Apple, иако нејзиниот удел од 16% на пазарот остана ист. На петтото место е Xiaomi, кој забележа пад на испораките од 19% во вториот квартал во однос на претходната година. Со вкупно испорачани 8,6 милиони уреди, Xiaomi задржа 13% удел на пазарот.
Кинеските потрошувачи се повеќе инвестираат во квалитетни телефони
Амбер Лу, аналитичар во Canalys, нагласува дека кинеските потрошувачи се повеќе сакаат да инвестираат во квалитетни телефони.
„Растечки тренд е тоа што кинеските потрошувачи ја препознаваат вредноста на производите со висок квалитет. Просечната продажна цена на паметните телефони надмина 450 американски долари минатата година, а овој тренд се очекува да продолжи да расте во наредните квартали. Apple и Huawei постигнуваат импресивни годишни резултати со нивните водечки уреди, што укажува на силна и одржлива побарувачка за премиум производи“, рече таа.
Таа, исто така, истакна дека продавачите, кои профитираат од надградбите на потрошувачите, се мотивирани да инвестираат во повеќе иновации за да бидат во чекор со технолошкиот напредок.
„Неодамна лансираните преклопливи телефони како што се HONOR Magic V2, Vivo X Fold2 и Huawei Mate X3 привлекоа значителен интерес од дистрибутивните канали и потрошувачите поради новите фактори на форма и употребливост“, додаде таа.
Кина останува најголемиот пазар на паметни телефони во светот, а потоа следат Индија и САД.