Јутјубер со прекар ChrisDaCow, во соработка со истражувачки центар за шимпанза, успеал да научи мајмун да ја игра популарната игра Minecraft.
Благодарение на финансиите на Илон Маск, компанијата Неуралинк тренирала деветгодишен мајмун да ја игра видео играта Pong. Но, тоа е стара вест – тоа беше пред две години, мајмунот физички не ја контролираше играта и Pong е релативно едноставна игра.
Значително поимпресивно нешто постигна истражувачкиот центар за шимпанза во Де Мојн, од Ајова – и тоа на иницијатива на јутјубер со прекар ChrisDaCow.
42-годишен мајмун, по име Канзи, успешно научил да ја игра популарната игра Minecraft, а јутјуберот тврди дека тој е првиот мајмун во светот кој го направил тоа. Помалку важно е дали е тоа точна изјава или не. Импресивно е што Канзи успеа да ги совлада основите на играта… со малку мотивација.
Во овој случај, мајмунот пријде на играњето како на извршување задачи за награда. Имаше вкупно девет предизвици кои требаше да ги надмине, како на пример – движење, кршење блокови, собирање, учество во мултиплеер и слично. За секој завршен предизвик, Канзи добивал награда во вид на храна.
Иако не е во состојба точно да разбере што е Minecraft и иако (најверојатно) не се забавувал во играта – ги поминал основите на играњето.
Сепак, тука треба да се нагласат неколку работи. Мајмунот Канзи не играше Minecraft како што го играат повеќето луѓе – со контролен уред. Наместо тоа, тој користеше контроли на допир на екранот, со кои беше запознаен уште пред да му биде дозволено да игра Minecraft. Друга работа, Канзи се водел од визуелни индикатори додека играл, па не размислувал сам што треба да прави и каде да оди во играта.
И покрај тоа, целиот експеримент е доста импресивен. И, исто така, треба да се забележи дека мајмунот можеше самостојно да избере кога да игра Minecraft, а кога не – тој не беше принуден да го стори тоа.