Самсунг со години е водечки светски производител на паметни телефони, а јужнокорејската компанија ја продолжува својата доминација и оваа година.

Според најновиот извештај за продажба на паметни телефони во првиот квартал од 2022 година, Samsung остана лидер по бројот на продадени телефони во овој период.

Најновиот извештај за продажбата на паметни телефони во првиот квартал од 2022 година доаѓа од компанијата International Data Corporation (IDC). Во извештајот се наведува дека Samsung остана водечки светски производител на паметни телефони со 23,4% пазарен удел и испораки од 73,6 милиони продадени телефони во првиот квартал од тековната година. Иако Samsung го задржа првото место, компанијата забележа пад на продажбата во споредба со истиот период минатата година, кога јужнокорејскиот гигант испорача речиси милион повеќе телефони.

На второ место се најде американскиот технолошки гигант Apple. Компанијата од Купертино имаше удел од 18% од пазарот на паметни телефони во првиот квартал од 2022 година. Apple продаде 56,6 милиони телефони во овој период. Сепак, за разлика од Samsung, Apple забележа раст на продажбата во однос на истиот период минатата година, за 2,2 отсто.

По две некинески компании на првото и второто место, третото, четвртото и петтото место се кинески компании. Трет беше Xiaomi со пазарен удел од 12,7%, односно продадени 39,9 милиони телефони. Oppo беше четврти. Во првиот квартал од оваа година, компанијата испорача 27,4 милиони телефони, што е повеќе од 8,7%, додека Vivo беше на петтото место со удел од 8,1%, односно 25,3 милиони испорачани паметни телефони.

Слично како Samsung, сите три кинески брендови забележаа пад на продажбата во однос на истиот период минатата година, при што Vivo забележа најголем пад од 27,7 проценти.