Претходните гласини сугерираа, а сега повторно се појавуваат информации дека претстојните Google Pixel 6 и Pixel 6 Pro смартфони ќе имаат поширока поддршка од вообичаеното. Сега се појавија некои поконкретни детали.

Според непотврдени гласини, Pixel 6 и Pixel 6 Pro ќе добијат четири големи ажурирања на Android, како и петгодишни безбедносни надградби по официјалното објавување на телефонот овој месец.

Ако е вистина, двата годинашни Pixel модели ќе добиваат ажурирања се до Android 16 во 2025 година, а сигурносни надградби ќе добиваат до октомври 2026 година.

Ова ќе биде првпат Google да имплементира толку широк опсег на ажурирања и поддршка и ќе одговара на она што Apple го нуди за своите уреди кога станува збор за софтверска поддршка.

Останува да видиме колку овој потег ќе влијае на успехот на Pixel линијата. Pixel 6 и Pixel 6 Pro ќе продолжат да бидат ограничено достапни во само неколку земји.