Иронично, корисниците на социјалната апликација IRL (in-real-life) не постојат во реалниот живот.

Внатрешната истрага на управниот одбор на IRL (in-real-life) покажа дека 95% од пријавените 20 милиони корисници на апликацијата биле „автоматизирани или ботови“, најпрво објави The Information. Така, откако собра повеќе од 200 милиони долари туѓ капитал, IRL (in-real-life) се затвора.

IRL беше подготвена да стане алтернатива за организирање настани за генерацијата Z, која користи сè помалку Фејсбук. Но, откако ја зголеми својата инвестициска „рунда Ц“ од 170 милиони долари предводена од SoftBank на проценка од 1,17 милијарди долари, внатрешните проблеми на компанијата станаа поочигледни.

Минатата година IRL (in-real-life) отпушти 25% од својот тим, односно околу 25 вработени. Во текот на претходната година, IRL (in-real-life) повеќе од трипати го зголеми бројот на вработени, па овие намалувања беа изненадувачки. Во белешката до вработените, добиена од странски портал, поранешниот извршен директор и основач Абрахам Шафи ги повика вработените да се „адаптираат“ и „да бидат дисциплинирани“, истакнувајќи дека WhatsApp достигна 450 милиони корисници со тим од само 55 луѓе.

Во истиот меморандум, Шафи рече дека компанијата има „повеќе од доволно пари за да издржи до 2024 година“. Вработен во IRL (in-real-life) тогаш за медиумите изјави дека компанијата имала повеќе од 100 милиони долари во банката. Иако не е познато колку пари и останале сега на IRL (in-real-life), портпаролот на компанијата изјави за The Information дека ќе го врати својот капитал на акционерите.

Приближно во исто време со овие отпуштања, работниците на IRL (in-real-life) почнаа да се сомневаат во тврдењето на Шафи дека апликацијата има 20 милиони месечни активни корисници; тогаш SEC почна да истражува дали IRL (in-real-life) ги прекршила законите за хартии од вредност. До април, одборот на директори на IRL (in-real-life) го суспендираше Шафи и назначи вршител на должноста извршен директор.

Новинарите на секој начин се обидуваат да контактираат со основачот на оваа социјална платформа, но тој моментално е недостапен за прашања во јавноста.